Дебар, 14 мај 2020 (МИА) – Дебрани и понатаму се најпримерни во однос на почитувањето на одлуката за забрана за движење на подрачјето на Секторот за внатрешни работи од Охрид, кој опфаќа четири одделенија за внатрешни работи, Охрид, Кичево, Струга и Дебар.
Полициската статистика потврдува дека и во последното деноноќие на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои ги покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, нема регистрирани непочитувања на мерките за ограничено движење.
-Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Одделенито за внатрешни работи од Дебар не е регистрин прекршок за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19. Во, исто време, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Инаку, што се однесува до епидемиолошката состојба во ова подрачје таа е стабилна. Официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар, кој беше прво жариште на 29-ти нема новозаразени. Вкупната бројка останува 51 од нив две лица од Центар Жупа.Од нив 47 се излекувани додека четворица починаа. вт/сст/