Утрински Весник
Македонија

Дебар и Центар Жупа во очекување каков статус ќе добијат по изминувањето на перидот на кризна состојба

Дебар и Центар Жупа во очекување каков статус ќе добијат по изминувањето на перидот на кризна состојба

Дебар, 12 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна прес-конференцијаинформирашедека до моментот сеуште нема одлука од Владата запонатамошниот статус за оваа и за општина Центар Жупа,кадебеше прогласена кризна состојба поради коронавирусот.

– Периодот на кризната состојба, што беше прогладена во нашата и општина Центар Жупа на 13 март поради коронавирусот измина вчера. Сега очекуваме последователна одлука на Владата за тоа каков ќе биде понатамошниот третман на двете општини. До овој момент немаме одлука или
било какво известување, рече Дука.

Кога беше прогласена кризната состојба, од 13 заразени колку што имаше во државава дури 11 беа од овие општини, девет од Дебар и двајца од селото Баланци, Општина Центар Жупа.

Дука информираше дека и во последното деноноќие нема потврдени случаи со коронавирус и додаде дека во домашна изолација се 128 лица.

Безбедносната состојба тој ја оцени како мирна, не е регистраирано непочитување на одлуката за полициски час, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места,кражби и сообраќајни незгоди, а нема ниту нарушувањана јавниот ред и мир.

– Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната против пожарна единица завршија со втората по ред дезинфекција на јавните површини, контејнери, канти и корпи за отпадоци,детски и спортски игралишта, 37 стамбени колективни згради и други објекти. Останати се само некои улички каде тоа ќе се направи рачно поради непристапноста, посочи Дука.

Тој искажа благодарност со волонтерите на Црвен крст кои продолжуваат да бидат на услуга на граѓаните. Вчера, рече Дука, имаше седум повици, од нив три повици за снабдување со лекови, останатите за набавка на храна.

Уште еднаш го повтори апелот до граѓаните да не ја злоуотребуваат водата за пиење, зашто во делови од градот веќе се чувствува недостиг. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По Груби ќе има предмети и за други бивши функционери, најавува вицепремиерот Фетаи

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП

ВРЕДИ: Оние кои се повикуваат на европските вредности, ја пополнуваат американската црна листа!