Утрински Весник
Македонија

Дебарско обвинителство обвини три лица за непочитување на полицискиот час

Казнени налози против 34 скопјани за непочитување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои не го почитувале полицискиот час, соопштија од ОЈО Дебар.

Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението.

– Двајца од нив на 25 април се движеле по пат покрај брегот на Дебарското Езеро, додека третиот обвинет на 26 април бил запрен на регионалниот пат Струга-Дебар. Со ова тројцата сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Дебар му предложи за секој од обвинетите да изрече парични казни во висина од 10 до 100 дневни глоби. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово