Утрински Весник
Свет

Двојниот мутант пристигна во Израел: со индискиот вид заразени 41 лице, некои биле вакцинирани

Во Унгарија повеќе од 300 починати за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Во Израел се откриени 41 случај на индиски вид на коронавирус, познат и како двоен мутант.

Индискиот вид бил откриен кај четири лица кои претходно биле вакцинирани, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.

Од вкупниот број на заразени, 24 од нив се вратиле од странство, додека 17 биле заразени во земјата, но сите случаи на пренесување не се поврзани со патници, објави „Џерусалим пост“.

Исто така, меѓу заразените има пет деца, додаде Министерството за здравство.

Постојат стравувања дека тој вид може да биде делумно отпорен на вакцини, поради што водачите на Министерството побараа владата да ги запре Израелците да патуваат во Индија, но апелираа да се запрат пристигнувањата од Индија, освен во ретки случаи.

Повеќето од заразените дошле во Израел од Индија, но некои дошле од други земји.

Сите патници кои слетале при пристигнувањето докажале дека биле негативни на Ковид-19.

Министерството за здравство соопшти дека сè уште нема јасни информации за последиците од индискиот вид врз вакцинираните лица или луѓето кои оздравеле од коронавирусот.

Професорот Еран Сегал, биолог од Институтот за наука „Вајцман“, за израелскиот весник изјави дека е рано да се алармира јавноста со новиот вид.

Тој додаде дека вакцината на „Фајзер“ најверојатно е ефикасна против индискиот вид до одреден степен, бидејќи клучните мутации на шилестиот протеин се познати и забележани кај други мутации.

„Ние веќе знаеме дека вакцините се ефикасни против нив. Сепак не можеме да бидеме целосно сигурни, но верувам дека е многу веројатно вакцините да бидат ефикасни против индискиот вид”, рече Сегал.

Можете да прочитате

Службата за безбедност на Украина уапси осуммина осомничени за попречување на мобилизацијата

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ