Утрински Весник
Македонија

Движењето Беса подели 400 заштитни маски за граѓаните на Кичево

Движењето Беса подели 400 заштитни маски за граѓаните на Кичево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево, 4 мај 2020 (МИА) – Младинскиот форум на Движењето Беса, огранокот во Кичево, денеска во центарот на градот реализираше активност во распределбата на здравствени заштитни маски за граѓаните од Кичево, за заштита од коронавирусот.

Оваа активност се презема откако носењето на заштитни маски во ова време на пандемии стана задолжително од страна на државата, а има за цел да ги сензибилизира граѓаните да носат заштитни маски според препораките на здравствените установи и да го одржуваат физичкото растојание од минимизирање на два метри.

-Ваквите активности на Младинскиот Форум и Форумот на Жената на Движењето Беса се организираа и во други градови на земјава за да се придонесе до кревање на јавната свест и почетокот на враќање на нормалата на животот, инаку ние денеска преку нашите активисти респределивме 400 маски за граѓаните на Кичево, рече Исен Ајдари, преседател на огранокот на Движењето Беса во Кичево.рз/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе