Тетово, 29 јуни 2020 (МИА) – Наместо дислокација на објектите за игри на среќа сега Движењето Антикоцкање од Тетово бараат целосно нивно затворање. Иако најавија дека ќе блокираат сообраќај на автопат поради неисполнување на нивните барање во време на изборната кампања се откажаа од намерата поради опасностите од коронавирусот.
-Ние од Движењето ги потсетуваме политичките субјекти дека барањето кое произлезе од протестот на граѓаните беше објектите да бидат три километри надвор од населените места меѓутоа моментот на убиството на двајца млади е аргумент повеќе за да го смениме нашето барање. Верувам дека сме јасни, ние од Движењето бараме целосно затворање на овие објекти односно игри на среќа. Бараме да се изјасните се додека не се постигне слична ситуација како во Албанија и во Косово. Бараме победничкиот албански субјект да го условува парламентаното мнозиство со формирање на следната влада. До граѓаните бараме да гласаат за политичкиот субјект што ќе понуди затворање на сите места за коцкање и игри на среќа, бидејќи сте тие ќе што ќе ги заштитите нашите деца од коцкање, изјави на прес-конференција на градскиот плоштад Џемал Абдиу од Движењето.
Тие рекоа дека сакаат да бидат дел од дебатите на телевизиите со политичките партии во овој предизборен период за да ги аргументираат нивните барања.
Поради вирусот и светската пандемија нема да се реализира блокадата на автопатот Тетово-Скопје како што најавија на почетокот на март. ас/бк/