Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Две судијки убиени во Авганистан

Две судијки убиени во Авганистан
300x250 opst2

Неидентификуван напаѓач уби две судијки во авганистанскиот главен град Кабул.

Судиите работеле во Врховниот суд, изјави портпаролот на судот, Ахмад Фахим Кавем за ДПА.

Во меѓувреме, авганистанското Министерство за внатрешни работи потврди дека две жени биле убиени и уште една ранета, но жртвите не се именувани.

Судијките биле на пат кон своите канцеларии кога биле нападнати во полицискиот кварт на градот.

Ниту една група сè уште не презеде одговорност за нападот.

Безбедносната состојба останува еден од главните предизвици во правосудството, за да се обезбеди целосна имплементација на законот во земјата.

Во 2019 година, во извештајот на Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан беше наведено дека биле убиени 13 судии и 19 обвинители.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне