Утрински Весник
Македонија

Две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

При извршена контрола на 14.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север на две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на возилата „форд транзит“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Прилеп и „опел“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.С.(31) од с.Романовце, кумановско, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Можете да прочитате

Шест противпожарни возила гаснат пожар во близина на Бит Пазар

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, Бени Шаќири станува советник на Орце Ѓорѓиевски

АА: Правосудниот испит – уште едно неисполнето ветување на ВЛЕН