Утрински Весник
Македонија

Две лица починаа на Инфективната клиника, дијагностицирани 44 нови случаи, вкупно 329 (ПВТ)

Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје (ДПЛ)

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Куманово – 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип – 1 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 176, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 15, Тетово – 8, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.

Од 392 направени тестови во изминатото деноноќие 262 се направени преку Институтот за јавно здравје, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Клиниката „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство. рп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, тврди Зајкова

Кедев: Заради профит, некои болници оперираат пациенти без потреба

Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18ти „Марш за ангелите“