Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Две лица обвинети за тешка кражба од автобуска станица во Гостивар

Img 7972

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за кривично дело – тешка кражба, додека другото е обвинето за помагање при извршување на кривичното дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 7. септември минатата година, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар.

Вториот обвинет, на возраст од 62 години, ѝ помагал така што ѝ давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело.

Како вработено лице кај оштетениот, тој ѝ кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите.

Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории противправно одзела мобилен телефон „ајфон 5“ и повеќе клучеви.

Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

Можете да прочитате

Уапсен 29-годишен крадец од Неготино, доби неколку кривични пријави за серија кражби

Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Ноќна полициска акција: Приведени шест возачи