Утрински Весник
Македонија

Две лица загинаа во Струмичко, со трактор излетале од патот

Две лица загинаа кога со трактор излетале од локалниот пат од с. Трибичино кон с. Едрениково, Струмичко, на местото наречено Бресто.

Од добиените повреди на местото на несреќата починал З. бС., а повреди добил К. К. (74) од с. Владевци, кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Млад човек починал во стан во Скопје

Левица со Предлог-закон за ограничување на учеството на армијата во странски операции

Зајкова: Законот за електронска нараквица веќе се спроведува во БиХ