Утрински Весник
Македонија

Две дози вакцина во Македонија примиле над 220.000 граѓани

Две дози вакцина во Македонија примиле над 220.000 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани.

Со последните бројки, 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани.

Можете да прочитате

Со молитва, благодарност и почит – Кочани ќе ја одбележува годишнината од „Пулс“

Нападната жена во домот за стари лица во Куманово

Поднесени 476 приговори до Основниот кривичен суд Скопје во првиот месец од примената на ,,Безбеден град”