Утрински Весник
Македонија

Две девојки повредени во Охрид, со возило удриле во канделабра

Две девојки повредени во Охрид, со возило удриле во канделабра

На 18.10.2020 во 6:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул. Туристичка со ул. Јане Сандански во Охрид, С.С.(21) од Куманово управувајќи патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра.

Во незгодата С.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а сопатничката Ј.Д.(21) од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година