Утрински Весник
Свет

Две бебиња починаа од студ во сириски камп

Две бебиња починаа од студ во сириски камп

Две бебиња, од кои едното седум дена, починаа во текот на ноќта, во камповите за раселени лица во сириската провинција Идлиб, поради леденото време.

Леденото студено време во изминатите две недели го зафати северозападниот дел на Сирија, каде што живеат повеќе од 4 милиони раселени Сиријци.

Околу 1,7 милиони од овие внатрешно раселени лица живеат во населби со шатори откако избегаа од силите на претседателот Башар ал-Асад.

Најмалку уште три деца починаа од студ во последните две недели.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа