Утрински Весник
Свет

Две бебиња оздравени од коронавирус во Црна Гора

Црна Гора повторно прогласи епидемија на целата територија

Директорот на Општата болница во Беране, Будимир Дабетиќ изјави дека едно бебе, кое било позитивно на ковид-19, е оздравено и пуштено од болница, како и дека денеска од болница ќе излезе и друго бебе.

Тој додал дека шест позитивни пациенти во таа здравствена установа имаат тешка клиничка слика, а тројца се наоѓаат на интензивни дози на кислород.

Во болницата моментално се лекуваат 34 пациенти позитивни на ковид-19.

„ Двајца се на операција, тоа значи дека имаат клинички симптоми кои потсетуваат на коронавирус, но се уште не им е готов резултатот од тестот“ рекол Дабетиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Арагчи во посета на Русија на средби со Путин и Лавров

Аксиос: Иран дава предлог за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец

Нови детали: Што е познато за напаѓачот на Трамп?