Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Двејн Џонсон нема да користи вистинско оружје во своите филмови

Двејн Џонсон нема да користи вистинско оружје во своите филмови
Img 7972

Актерот Двејн Џонсон вети дека ќе престане да користи вистинско оружје во своите филмови.

Изјвата на Д Рок доаѓа по трагичниот инцидент на филмот на Алек Болдвин што заврши фатално за снимателката Халина Хачинс.

Во интервју за „Вараети“ на премиерата на акционата комедија „Црвено известување“ во Лос Анџелес, Двејн најави дека повеќе нема да се користат вистински пиштоли  за проекти од неговата компанија „Севн бакс продакшнс“.

„Не можам да зборувам во име на никој друг, но можам да ви кажам дека секој филм што го развиваме во Seven Bucks Productions – кој било филм, која била телевизиска серија или што и да правиме или продуцираме – воопшто нема да користиме вистинско оружје.“

49-годишната ѕвезда продолжи: „Ќе се префрлиме на гумени пиштоли и ќе се погрижиме за тоа во објавата. Нема да се грижиме за доларите, нема да е вжно колку ќе чини тоа“.

Двејн објасни дека останал со скршено срце по трагедијата минатиот месец кога Болдвин случајно ја застрела Халина Хачинс на снимање вестерн во Ново Мексико.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?