Утрински Весник
Македонија

Два пожара вечерва во Росоман

Два пожара вечерва во Росоман

Росоман, 4 јуни 2020 (МИА) – Два пожара избувнаа вечерва во Росоман. Како што потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, во моментов гори кај железниот мост на пругата што води кон кавадаречка фабрика.

-Прво гореше над бензинската пумпа кај Сирково. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило ги гаснеа запалените сува трева и отпад и не дозволија пламените јазици да се прошират и да ја загрозат бензинската, го локализираа пожарот, појаснија од Единицата.

Пожарот што засега гори кај железниот мост зафатил шума и насади со праски. Во гаснењето учествуваат четворица пожарникари со две противпожарни возила. свд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци

СДСМ: Гостивар чека да се вратат сите од екскурзија

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина