Утрински Весник
Македонија

Два нови кружни тека во Кичево

Два нови кружни тека во Кичево

Кичево,7 април 2020 (МИА) – Заврши изградбата на два нови кружни тека на улицата „Маршал Тито“, пред џамијата „Бела кула“ во Кичево, на крстосницата на патот кон касaрната „Чеде Филипоски – Даме“ и населбата Пашино, како и еден пред самиот влез во касарната.

Бурим Кадриу од Општина Кичево изјави дека изградбата на овие два кружни тека е со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот.

– За да ја подобриме безбедноста во сообраќајот, како и да обезбедиме што побрз проток на возилата, пристапивме кон изградба и на овие два кружни тека на улицата „Маршал Тито“, пред новата џамија во населбата Бела кула и пред влезот во касарната, но исто така се реновираше и подземната инфраструктура на оваа улица со нови тротоари и современо осветлување. Оперативата на една локална градежна компанија со целиот свој капацитет деновиве забрзано работеше за побрзо завршување на овие кружени тека и успеа, рече Кадриу.

Искуствата од претходно изградените кружни текови на магистралниот пат Скопје-Охрид, делот кој минува низ Кичево и на булеварот „Ослободување“, како што посочи, потврдуваат дека регулација на сообраќајот на овој начин е најбезбедна за сите учесници во сообраќајот, како и за пешаците. Според него,ова е многу важно бидеќи оваа улица е продолжување на Старата чашија и е многу фреквентна, особено во летните месеци.

Тој додаде дека оваа инфраструктурна инвестиција се финансира со средства од општинскиот буџет во вредност од 8,7 милиони денари. рз/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме