Утрински Весник
Свет

Два милиони луѓе во карантин во Австралија поради еден заразен

Два милиони луѓе во карантин во Австралија поради еден заразен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од денес околу два милиони Австралијци се под строги мерки на блокада откако беше откриен еден случај на коронавирус во Перт, главниот град на државата Западна Австралија, пренесува Ројтерс.

Властите воведоа петдневна блокада на Перт, откако вработен во хотелското обезбедување, кој работел во карантин за повратници од странство, бил заразен со вирусот.

Според изјавата, 66 лица биле во близок контакт со работникот, а оние кои досега биле тестирани се негативни.

„Вкупно 13 блиски контакти се негативни за вирусот, а 11 кои беа прогласени за контакти со висок ризик беа префрлени во карантин во хотелот поради дополнителни мерки на претпазливост“, рече премиерот на Западна Австралија, Марк Мек Гован.

Како што посочи, резултатите од тестовите на преостанатите контакти треба да пристигнат денес.

Австралија во голема мерка успеа да го спречи ширењето на вирусот – скоро 29.000 луѓе беа заразени, а 909 починаа. Кампањата за вакцинација започнува овој месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони