Утрински Весник
Македонија

Двајца прилепчани обвинети за кражба на колекција пари, часовници и накит

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен предлог против две лица за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалиле во стан на улица „Манапо“ во Скопје, така што со употреба на „калауз“ ја отвориле бравата од влезната блиндор врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, додека вториот се уште е недостапен на органите на прогонот.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини