Утрински Весник
Македонија

Двајца поранешни премиери меѓу основачите на нов клуб за македонско-бугарско пријателство

Со заедничка презентација во Софија и во Скопје ќе биде промовиран нов клуб за бугарско-македонско пријателство.

Според најавата за настанот, промоцијата во Скопје е закажана за вторник (3 мај) во Институтот за социјални и хуманитарни науки.

Во најавата се наведува дека меѓу основачите на клубот од македонска страна се поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски како и Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски
и Столе Наумов, како и историчарот Драган Зајковски.

Меѓу основачите на клубот од бугарска страна се: писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори
Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Кнев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа