Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени во сообраќајка кај Зајас

Шестмина повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, на патот Штип-Скопје

Синоќа во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Грешница, Кичевско и патничко „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Албанија.

Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спасовски до Дурмиши: Зошто Владата не презема мерки за бруталното поскапување на прехранбените производи

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Кујната во РЕК Битола времено затворена, работниците добиваат ладен оброк