Утрински Весник
Македонија

Двајца млади заразени со коронавирусот во Тиквешко

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76 отсто имале хронични болести, најголем број се на возраст над 60 години

Кавадарци, 16 јуни 2020 (МИА) – Дваесет и пет годишна кавадарчанка и 28- годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирус во Тиквешко, за МИА потврдуваат денеска  од Центар за јавно здравје Кавадарци. Дознаваме дека кавадарчанката работи како медицинска сестра.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, појаснува дека двете лица засега се со лесна клиничка слика. Се работи на утврдување на контактите кои ги имале, со цел нивна изолација. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа