Утрински Весник
Свет

Двајца малолетници во Лондон убиени во напади со нож

Двајца малолетници во Лондон убиени во напади со нож

Двајца тинејџери биле убиени во напади со нож во Лондон, во понеделникот вечерта, во период од неколку часа, соопшти полицијата.

Според британски „Скај њуз“, 15-годишно момче било прободено со нож во Гринич околу 17 часот, а 16-годишно момче било избодено со нож во Ламбет, нешто пред полноќ и било прогласено за мртво на самото место.

За смртта на 15-годишникот, уапсено е момче, исто така на возраст од 15-години, кое отишло само во болница бидејќи имало убодна рана.

Засега никој не е уапсен за убиство на друго 16-годишно момче.

Можете да прочитате

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија