Гостивар, 10 април 2020 (МИА) – По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекари од кои едниот интернист иамле позитивни тестови на на Ковид-19. Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.
Не може а да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.
Засега е неизвесно дали ќе се спроведуваат дополнителни мерки во интерното оддление, каде што лежат дваесетина пациенти со претежно кардиолошки дијагнози и интензивна нега. Одлуката за дополнителни испитувања на двајцата медицинари и како ќе функционира интернистичкото одделение, треба да ја донесат медицинските власти. згм/ир