Утрински Весник
Македонија

Двајца кичевци приведени поради непочитување на полицискиот час

Два нови кружни тека во Кичево

Кичево, 8 мај 2020 (МИА) – Двајца кичевци се приведени поради непочитување на полицискиот час, соопшти полицијата.

Во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на Кичево две лица не ја почитувале забраната за движење. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од СВР Охрид.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 37 контрола врз лицата во самоизолација од кои осум во Кичево.

Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. рф/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!