Куманово, 4 мај 2020 (МИА) – Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Куманово-Крива Паланка кај село Страцин, информираа денеска од МВР. Починал 23-годишен сопатник, откако бил пренесен за укажување лекарска помош, а вчера од здобиените повреди почина 55-годишен возач на едното од возилата кои учествуваа во несреќата.
Сообраќајката се случи вчера во 9:40 часот кај местото „Чешмиче“ пред село Страцин меѓу две патнички возила „фиат пунто“, едното со кумановски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот возач Б.Ѓ. од село Железница и второто со кратовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.М од Битола.
– Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од сeло Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал, информираат од МВР.
Увид извршиле јавен обвинител и полицијата. ам/мс/