Утрински Весник
Македонија

Двајца дилери уапсени во Прилеп

Двајца дилери уапсени во Прилеп

Припадници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп денеска ги привеле П.З.(24) и Д.Д.(27) од Прилеп.

Како што информираат од МВР, по добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата прилепчани при што биле пронајдени и одземени две ќеси марихуана, саксии со растение канабис и шишенца со 51 семка од канабис.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

Можете да прочитате

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања

Променливо облачно со повремен дожд

ФИНКИ ја отвори дилемата: дали интернетот е навистина достапен за сите?