Барселона, во преодниот рок, донесе двајца играчи од Манчестер сити, но како што пренесувата шпанските медуми, можно е на „Ноу Камп“ да пристигне португалскиот тандем од редовите на англискиот шампион.
„Мундо Депортиво“, тврди, дека Барселона и Манчестер сити ќе разменат фудбалери. Клучен играч во размената треба да биде Усман Дембеле.
Францускиот репрезентативец има договор до крајот наредната сезона. Тој одбил да потпише нов договор, наводно има договор со Јувентус да се пресели во Торино како слободен играч во јуни 2022 година.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Португалците од Манчестер сити, Бернардо Силва и Жоао Кансело имале желба да се преселат во Барселона.
Барселона за нив двајца покрај Дембеле, на Сити им го понудиле и Серхи Роберто, кој сакал повторно да соработува со Пеп Гвардиола.
За да ја завршат успешно оваа операција, челниците на Барселона, во наредните денови ќе имаат состанок со менаџерот на Дембеле, на кого ќе се обидат да му објаснат дека за фудбалерот е најдобро да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Барселона, во преодниот рок, како слободни играчи од Манчестер сите го донесе Серхио Агуеро и Ерик Гарсија.
> Двајца „граѓани“ сакале да се преселат во Барселона <