Утрински Весник
Свет

Двајца вработени во бугарската амбасада во Москва прогласени за персона нон грата

Двајца вработени во бугарската амбасада во Москва прогласени за персона нон грата
Dik 300x250 mk

Двајца вработени во бугарската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата како одговор на протерувањето на руските дипломати од Бугарија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, а пренесе агенцијата ТАСС.

„На 20 април, бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи каде што му беше вложена нота со која првиот секретар на конзуларната служба на амбасадата, Н. Панајотов, и првиот секретар на трговско-економската служба на амбасадата, Г. Кристозов, се прогласени за персона нон грата. Овие луѓе мора да ја напуштат Русија во рок од 72 часа“, се вели во соопштението.

„Оваа мерка е донесена како одговор на одлуката на Бугарија, донесена без причина во март 2021 година, за прогласување персона нон грата на двајца вработени во Руската амбасада во Софија“, додава министерството.

На 23 март, бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца вработени во Руската амбасада во Софија за персона нон грата. Руската амбасада тогаш изјави дека одлуката на бугарската страна е неоснована.

Бугарското обвинителство на 19 март соопшти дека шест активни и поранешни вработени во бугарското Министерство за одбрана и во воените разузнавачки агенции се приведени под сомнение дека шпионирале за Русија. Петмина од нив се притворни од страна на воениот трибунал, а еден беше ослободен со кауција бидејќи обвинителите не инсистираа на негово апсење.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп