Утрински Весник
Македонија

Дваесет лица не го почитувале полицискиот час

Три нови случаи на непочитување на полицискиот час

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Дваесет лица во земјава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 284 прекршоци.

За последните 24 часа на територијата на земјава на 76 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација. сст/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССМ повика на протест в сабота

Инспекциите потврдија: Нема криење залихи на гориво, следуваат засилени контроли во маркетите

Продолжи судењето за „Онкологија 2“