Утрински Весник
Македонија

„Дај ги парите, ќе те убијам“ – скопјанец се обидел да ограби маркет, вработената го совладала

Против 31-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава за обид за разбојништво во супермакркет на ул. „11-ти Октомври“.

Тој со огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“.

Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и започнале физичка пресметка. Вработената му ја тргнала медицинската маска која осомничениот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина