Утрински Весник
Спорт

Дајмлер ќе се преименува во Мерцедес-Бенц, акциите скокнаа речиси 9 отсто!

Дајмлер ќе се преименува во Мерцедес-Бенц, акциите скокнаа речиси 9 отсто!

Дајмлер, татковската компанија на производителот на автомобили Мерцедес и на Формула 1 тимот со исто име, објави дека ќе се преименува во Мерцедес-Бенц до крајот на 2021 година, а како дел од преструктуирањето, одделот за производство на камиони ќе работи како посебна единка.

Оваа вест предизвика акциите на Дајмлер да скокнат за речиси 9 отсто, постигнувајќи највисока цена во последните две години.

„Автомобилите на Мерцедес-Бенц и камионите на Дајмлер се различни бизниси со посебни бази на корисници и веруваме дека е потребно да работат посебно“, изјави генералниот директор на Дајмлер, Ола Калениус.

Ова нема да има никакво влијание на работата на Формула 1 тимот, кој веќе не е во апсолутна сопственост на компанијата – минатата година тие продадоа една третина од тимот на британската компанија ИНЕОС, и уште една третина на шефот на тимот, Тото Волф.

> Дајмлер ќе се преименува во Мерцедес-Бенц, акциите скокнаа речиси 9 отсто! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026