Утрински Весник
Свет

Дачиќ: Хрватите не се спремни за дрон, а камоли за дом

Дачиќ: Хрватите не се спремни за дрон, а камоли за дом

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, на еден предизборен митинг го коментрал падот на дронот во Загреб, пренесува хрватски „Индекс“.

Во својата изјава тој коментирал дека Хрватите не се спремни ниту за дрон.

„Нашата политика е јасна, го уништувавме НАТО. На нашиот список е Золтан Дани кој го собори невидливиот Ф-117. Ние го соборивме и невидливотото, а и овие Хрватите не можат да го соборат овој дрон… Па, тие на се спремни ниту за дрон, а камоли за дом“, рекол Дачиќ на предизборниот митинг.

Ф-117 беше соборен за време на операција на НАТО во Југославија во март 1999 година, а Дачиќ сега посети на тоа.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон