Утрински Весник
Македонија

Даути: Институциите да преземат соодветни мерки со цел владеење на законите

Даути: Институциите да преземат соодветни мерки со цел владеење на законите

Адвокатот Мерџан Даути ги повика институциите да преземат соодветни чекори со цел почитување на законите, откако судот денеска ги одби сите барања за произнесување на одбрната во предметот ТНТ

„ Како што најавив дека обвинителот Бурим Рустеми денеска на главна расправа на ден 16.11.2021 година, на судскиот случај познат за јавноста ТНТ се произјасни во врска со доказите на одбраната и не даде согласност за да се прочитаат доказите на одбраната. Иако се уште не се прочитани и изведени доказите н предложени од стана на поранешната СЈО.

Во оваа прилика сакам да Ве информирам и да ги повикам надлежните институции да преземат соодветни чекори со цел почитување на законите во Република Северна Македонија. Имено, Јавниот обвинител ме информираше претходно дека предметот ТНТ како и другите предмети кои ги застапува пред Основниот кривичен суд имал договор со судот да завршат до крајот на година т.е најкасно до 15.12.2021 година.

Успеал, му честитаме. Се поставува прашањето каде е тука еднаквоста на оружјата кога претходно обвинителството и судот договараат што треба да се случи на главна расправа.

Согласно горенаведото Ве молам итно да преземете соодветни мерки со цел владеење на законите во Република Северна Македонија и водење на судски постапки согласно позитивните законски прописи“ пишува Даути во дописот до медиумите.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!