Утрински Весник
Свет

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција, бидејќи е вклучена во војната против исламистичката идеологија.

„Ние сме во војна против непријателот, кој е и внатре и надвор. Мора да разбереме дека има и ќе има и други настани како овие страшни напади”, изјави тој за радиото РТЛ, пренесува „Ројтерс“.

Во четвртокот, туниски државјанин извикувајќи „Алах акбар“ уби три лица во црквата Нотр Дам во Ница. Тој и ја отсекол главата на една од жртвите, и повредил неколку лица, пред полицијата да го застрела и да го префрли во болница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота

Деактивирани се пет милиони профили на малолетници на социјални мрежи во Австралија

Грција донираше воена опрема на Либан