Утрински Весник
Спорт

Данскиот селектор емотивен: Кристијан беше со мене цело време

Данскиот селектор емотивен: Кристијан беше со мене цело време

Данскиот селектор Каспер Хјулманд му оддаде емотивна почест на Кристијан Ериксен по вчерашната 4:1 победа над Русија со која обезбедија место во осминафиналето на ЕУРО 2020.

Данците беа без Ериксен, кој го шокираше фудбалскиот свет со колабирањето на првиот меч против Финска, добивајќи срцев напад. Хјулманд откри дека носел посебен прстен на мечот со Русија во чест на Ериксен.

„Никогаш не сум носел накит во мојот живот, ова е првпат. На прстенот има мало фудбалче и Кристијан кој сега беше со мене. Размислував многу за него, бидејќи како што кажав и претходно, тој е срцето на нашиот тим и се боревме за него. Тој ни ја даде потребната инспирација“, вели Хјулманд.

Данците во осминафиналето во сабота играат со Велс на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

> Данскиот селектор емотивен: Кристијан беше со мене цело време <

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо