Утрински Весник
Свет

Данска и САД почнаа разговори за договор за одбрана

Данска и САД почнаа разговори за договор за одбрана

Данска и САД почнаа разговори за нов договор во областа на одбраната, кој би можел да опфати присуство на американски војници и воена опрема на данска територија, изјави денеска премиерката на таа скандинавска земја Мете Фредериксен.

Разговорите, побарани од Вашингтон, доаѓаат откако САД ја зајакнаа воената соработка со Норвешка и балтичките земји во претходните години, рече Фредериксен.

– Ваквиот директен договор меѓу САД и Данска ќе отвори нова соработка и активности во бројни избрани воени области во Данска – рече таа на прес-конференцијата.

Таа додаде дека договорот може да вклучува и присуство на американски војници во Данска.

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk