Утрински Весник
Свет

Данска ги заостри мерките

Мелбурн останува под строги мерки и покрај незадоволството на граѓаните

Данските власти објавија дека воведуваат нови ограничувања поврзани со јавните собири во 18 општини, вклучително и во главниот град Копенхаген. Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Од среда, бројот на луѓе кои можат да се соберат на едно место е намален од 100 на 50, објави Би-Би-Си. Работното време во рестораните, баровите и кафулињата ќе биде ограничено до полноќ.

Минатата недела во Данска беа регистрирани повеќе од 1.000 случаи на Ковид-19, што е најголем број на нови случаи во последните неколку месеци.

Регистриран е и зголемен број случаи во Копенхаген, повеќе од 190 заразени од почетокот на месецот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори