Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег позира пред и по театарската претстава „Магбет“

Британскиот актер Даниел Крег присуствуваше на синоќешното отворање на претставата „Магбет“ во театарот „Лонгакре“ во Њујорк Сити.

Актерот (54) на себе има темен костум со бела кошула и сива вратоврска додека позира со гламурозната колешка Рут Нега (40) – пред да се појави со крваво лице на сцената по настапот.

Филмската икона беше принудена привремено да се повлече од своите настапи во бродвејската адаптација на Шекспировата драма, откако доби позитивен резултат на тестот за Ковид-19 претходно овој месец.

Во оживувањето на трагедијата на Вилијам Шекспир, фронтменот на „Џејмс Бонд“ глуми заедно со Рут Нега, на која ова ѝ е деби на Бродвеј како Леди Магбет.

На почетокот на овој месец британскиот актер се повлече од претставата два часа пред нејзиниот почеток преку објава на официјалната твитер-страница на серијата.

Во соопштението беше наведено: „Денешното матине и вечерниот настап на ‘Магбет’ се откажани поради тоа што Даниел Крег е позитивен на Ковид-19.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата