Утрински Весник
Магазин

Даниел Крег и Џими Фарел пијат мартини во чест на 007

Даниел Крег и Џими Фарел пијат мартини во чест на 007

Откако цели 15 години го глумеше Џејмс Бонд, Даниел Крег уживаше во последното мартини во чест на агентот 007 во вторникот во текот на „Тунајт шоу“ со Џими Фалон.

53-годишниот британски актер дегустира пијалок со потпис на својот лик додека ја завршува промоцијата за филмот „Не е време за умирање“ со гостување во популарното ток-шоу на „Ен-би-си“.

„Ќе ми биде чест да споделам поздрав со мартини со вас господине Бонд. Господине Крег. Ви благодарам за сè“, рече Џими (47) на крајот од нивниот разговор и извади две мартинија.

Двајцата станаа и ги чукнаа чашите додека публиката во студиото ракоплескаше. „Благодарам“, рече Даниел пред да се напие голтка.

Можете да прочитате

Пролет 2026: Два знаци со најголеми шанси за финансиски напредок

Дневен хороскоп за 19 март 2026

Одењето може да ги открие емоциите на луѓето