Даниел Крег мораше да го оперира глуждот откако се повреди на снимањето на „Нема време за умирање“.
Сепак, во стилот на 007, Даниел Крег не си дозволи да забави во текот на неговото закрепнување. На досега необјавени фотографии, се гледа дека актерот поминувал низ исцрпувачки физички тренинзи додека се подготвувал за враќање во форма.
Даниел (53) морал да паузира од снимање со недели откако се лизнал додека снимал сцена со трчање за неговиот последен филм како Џејмс Бонд во мај 2019 година.
Под наслов „Нема време за одмор“ таблоидите пренесуваат дека Даниел се вратил во теретана веднаш штом можел да застане. Тие објавија фотографии, кои неодамна ги сподели тренерот Сајмон Вотерсон.
Даниел ги скина лигаментите на глуждот кога падна за време на снимање опасна сцена за неговиот петти филм како агент на тајната служба.
Откако му беше личен фитнес тренер на Пирс Броснан во два филма „Светот не е доволен“ и “Умри друг ден“, Сајмон Вотерсон доби задача да го доведе во добар форма и следниот Џејмс Бонд. Кога првпат го запознал Даниел Крег, тој бил мамурен, со сендвич со сланина и цигара во рака. Но, во текот на месеците што следеа, Сајмон помогна да се претвори во атлетски ѕвер што никого не остави рамнодушен кога излезе од морето во „Казино Ројал“, коментираат медиумите.