Утрински Весник
Технологија

Дали пандемијата ќе ја забрза роботизацијата?

Дали пандемијата ќе ја забрза роботизацијата?

Лондон, 19 април 2020 (/) – Додека светот се бори со пандемијата од коронавирусот, некои можеби заборавиле на заканата, која според сегашниот начин на живот претставува роботизацијата.

Без разлика дали се добри или лоши, роботите ќе заменат значителен дел од човечката работна сила ангажирана на одредени работни места, велат аналитичарите, а пандемијата на вирусот го забрзува процесот, пренесе Би-Би-Си.

– Луѓето обично велат дека сакаат човечки елемент во интеракцијата, но КОВИД-19 го смени тоа, вели футуристистот Мартин Форд, чии книги упатуваат како роботите ќе бидат интегрирани во економијата во текот на следните децении.

Коронавирусот ќе ги промени преференциите на потрошувачите и навистина ќе создаде нови можности за автоматизација, вели тој.

Поради пандемијата, компаниите со различна големина го прошируваат опсегот на апликации за роботи за да го забрзаат социјалното растојание и да го намалат бројот на вработените кои треба да бидат физички присутни на работните места, а роботите се користат и на работни места, што работниците не можат да ги вршат од дома.

Така, на пример, ланецот на продавници „Волмарт“ ги користи за миење на подни површини, а некои други видови роботи веќе се користат во одделни болници, ресторани и продавници за овошје и зеленчук.

Иако во некои случаи, роботите сè уште не се целосно функционално или технички доверливо решение, се очекува побарувачката за нив да се зголеми во блиска иднина, бидејќи некои мерки за социјална оддалеченост може да останат во сила во наредната година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META