Утрински Весник
Спорт

Далиќ ќе ги предводи „коцкастите“ и во Катар, во 2022 година

Далиќ ќе ги предводи „коцкастите“ и во Катар, во 2022 година

Селекторот на фудбалската селекција на Хрватска, Златко Далиќ останува на клупата на „коцкастите“. Иако неговиот договор истече минатиот месец и делуваше дека сака да ја напушти хрватската фудбалска селекција, сепак светскиот вицешампион од Русија и наредните две години останува на клупата на Хрватска.

Далиќ добиваше милионски понуди од азијски репрезентации, но на крајот се одлучи за татковината.

До крајот на овој месец се очекува официјалното продолжување на договорот. Ако нема промени во меѓувреме, тој ќе биде на кормилото на „коцкастите“ и на ЕП во 2021 година, но и на СП во Катар 2022 година, секако доколку Хрватска обезбеди пласман.

Златко Далиќ и понатаму ќе има годишна плата од 1.5 милиони евра, информираат хрватските медиуми.

На 30 натпревари како селектор на Хрватска, има 18 победи, 5 нерешени и 7 порази.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство