Утрински Весник
Македонија

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе години 40-на функционери и бизнисмени порди злоупотреба на службената положба, лажен исказ и непружање на лекарска помош.

Писмото денеска пред Обвинителството го прочита неговиот адвокат Сашо Дуковски.

„За да се избегнат сите шпекулации, јас со ова соопштение ви кажувам дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, лица политичари кои се дел од актуелната извршна власт, за лица од бизнис секторот, неколку цивилни лица блиски до политичарите и носителите на јавни функции“, се вели во писмото на Јовановски.

Понатаму тврди дека е цел на закани и уцени.

„Одговорно ви тврдам дека нема да ме спречат во што и да сакаат да применат и било кои методи на уцени и закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот, односно доколку посегнат по мојот живот, но повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска должност и намерата во борбата со вистинските криминалци“, пишува Јовановски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Морачанин си поднесе оставка од претседател на ДОМ

По повикот на Битиќи и Костадинов си поднесе оставка од СДСМ

Падна првата оставка во СДСМ