Утрински Весник
Спорт

Дакар: Претпоследната етапа за Саинс, Ал Атијах пред вкупна победа

Дакар: Претпоследната етапа за Саинс, Ал Атијах пред вкупна победа

Шпанецот, Карлос Саинс, победи кај автомобилистите, во 11.етапа на релиот Дакар. Етапата, која е претпоследна на годинешното издание, се возеше во пустината околу градот Биша. Лидерот, Насер Ал-Атијах, ја зголеми предноста пред конкурентите и покрај тоа што 11.етапа ја заврши на 11.место.

Саинс победи втор пат оваа година, а вкупно 41.пат во кариерата на релито Дакар. Победата на Саинс е четврта на годинешното издание на релито за Ауди. Германскиот производител дебитира на најпознатото светско рели.

Успехот на Ауди го надополни Матијас Екстром кој го освои третото место. Аргентинецот Алварез етапата ја заврши на второто место.

Лидерот, Ал-Атијах и покрај тоа што заврши на 11.место, стекна нови 40 секунди предност во однос на Себастијан Леб. Францускиот ас го освои 12.место.

Пред последната етапа, предноста на Ал-Атијах во однос на Леб изнесува 33 минути. Ал-Атихај, во последната етапа треба да ја завери својата втора титула во кариерата на релиот Дакар.

> Дакар: Претпоследната етапа за Саинс, Ал Атијах пред вкупна победа <

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата