Утрински Весник
Спорт

Гути ужива во поразите на Барселона

Гути ужива во поразите на Барселона

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути, ја шокираше шпанската јавност, со изјавата дека бе би имал ништо против да ја тренира Барселона. Неколку часа подоцна се премислил со изјавата дека ужива во секој пораз на клубот од „Ноу Камп“.

„Барса се наоѓа во тешка еконимска ситуација, отказот на Куман ќе ги погоди дополнително. Ако дојде Чави и ако го води тимот како што играше, тоа би било чудесно. Тој го има ДНК на Барселона, но сметам дека не е вистинско време да се врати во Барселона. Јас во Барселона? Зошто да не? Слободен сум, сакам да покажам од што сум направен“, рекол Гути.

Некоку часа пдоцна за Ел Ларгуеро, Гути ја сменил изјавата.

„Сите ме прашувате за Барселона. Зошто го кажав тоа? Не знаев што да кажам и поради тоа го дадов тој одговор. Како навивач на Реал, уживам во проазите на Барселона. Никогаш не би заминал таму, имаат доволно проблеми во клубот“.

> Гути ужива во поразите на Барселона <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина