Утрински Весник
Свет

Гутереш: 120 милиони работни места во туризмот се загрозени поради пандемијата

Гутереш: 120 милиони работни места во туризмот се загрозени поради пандемијата

Околу 120 милиони работни места во туризмот во светот се загрозени поради пандемијата на Ковид-19, изјави главниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„ Во првите пет месеци од годината меѓународните туристички доаѓања се намалија за повеќе од педесет отсто и загубени се околу 320 милијарди долари од извоз преку туризмот“ изјави тој.
„Вкупно загрозени се околу 120 милиони директни работни места во туризмот“ додаде Гутереш.

Додека во многу делови во светот на сила се рестриктивните мерки поради Ковид-19, летовите се во прекин, а границите затворени, Гутереш вели дека земјите во развој се особено погодени, вклучително и оние во Африка.

Падот на приходите доведе до зголемување на ловокрадството и уништувањето на живеалиштата во и околу заштитените области и затворањето на многу места на светско наследство ги лиши заедниците од важни средства за живот “, додаде лидерот на ООН.

Исто така, тоа има негативно влијание врз жените, руралните заедници и домородните луѓе, рече тој, укажувајќи на важноста за обнова на туристичкиот сектор, во кој се вработени еден од десет луѓе ширум светот.

Гутереш наведе пет клучни области, вклучително и ублажување на социо-економските ефекти на пандемијата и поддршка на зелениот раст како начини за унапредување на закрепнувањето на секторот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд