Утрински Весник
Свет

Гутереш: Светот се соочува со најтешка хуманитарна криза од Втората светска војна

Гутереш: Светот се соочува со најтешка хуманитарна криза од Втората светска војна

На Обединетите нации им требаат 35 милијарди долари за да одговорат на најголемата хуманитарна криза од Втората светска војна, вели генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, пренесува ТАСС.

„Оваа година, 2020, беше година како ниедна претходно. Конфликтите, климатските промени и Ковид-19 создадоа најголем хуманитарен предизвик од Втората светска војна. Бројот на луѓе изложени на ризик од глад е двојно зголемен. Стотици милиони деца се надвор од училиште. Нивото на екстремна сиромаштија се зголеми првпат по 22 години“, рече тој.

Гутереш вели дека е неопходна мобилизација за поддршка на оние кои се под најголем ризик во овие невидени времиња.

„Потребни ни се 35 милијарди долари за да добиеме спасувачка помош за 160 милиони најранливи луѓе“, рече шефот на ООН.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk