Утрински Весник
Свет

Гутереш: Самата идеја за нуклеарен конфликт е едноставно незамислива

Гутереш: Самата идеја за нуклеарен конфликт е едноставно незамислива

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на вонредната седница на Генералното собрание на ОН рече дека самата идеја за нуклеарен конфликт е едноставно незамислива.

Вонредната седница е посветена на ситуацијата во Украина, а ова е нејзин прв итен состанок од 1982 година. Гутереш за руската инвазија рече: „Доста е“ и нагласи дека борбите во Украина мора да престанат.

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави руските сили за нуклеарно одвраќање на висока готовност во неделата, во ситуација која Гутереш ја опиша како морничава, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

ЕК ги повика земјите – членки навремено да се подготват за сигурно снабдување со нафта

Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна ќе биде завршена

Трамп упати остри пораки до европските земји